Третмани

Сколиоза – значење, симптоми и лекување

Секој од нас, барем еднаш во животот се сретнал со терминот ‘сколиоза’. Со дигитализацијата на нашите животи, многу повеќе време поминуваме пред компјутер, на смарфрон или гледајќи телевизија, а многу помалку време посветуваме на спорт и рекреација, па со тоа сколиозата е состојба која е многу пораспространета од порано.

Сколиозата претставува искривување на ‘рбетниот столб. Здрав ‘рбет гледан од напред или одзади е прав. При појава на сколиоза се забележува странично искривување на ‘рбетот на десно или на лево. Освен визуелно т.е со голо око, конечната дијагноза се поставува со помош на направена РТГ снимка во консултација со лекар ортопед или физијатар.
Тој ќе го измери искривувањето на ‘рбетот во степени, како да е агол, познат како „аголот на Коб“. За искривување – сколиоза се сметаат сите отстапувања кои се поголеми од 10 степени.

Болка и последици

Како што болеста напредува (доколку не се третира), болката во грбот станува поинтензивна. Деформитетот може да врши притисок на некои нерви, како и на ‘рбетниот мозок, што може да резултира со слабост, вкочанетост и болка во долните екстремитети. Во ретки случаи може да дојде до деформирање и на градниот кош, што резултира и со проблеми во дишењето, замор, па дури и срцева слабост.

Лекување: вежби и третман

На илустрацијата, прикажани се 4 практични вежби кои можете да ги практикувате секојдневно, а кои многу помагаат во третирање на сколиозата.

Освен вежби, сколиозата се третира и со специјално наменети корсети.

Сите корсети за третман на сколиоза можете да ги погледнете на следниот линк: Корсети за сколиоза.