/
Еластични чорапи Fit Flow со отвор 10-14 mmHg
590 ден

FitFlow компресивните чорапи се направени од високо-квалитетен, чешлан памук со низок степен на компресија (10-14 mmHg), што го прави погодни за сите дневни активности. Овој тип на чорапи често се советува за велосипедисти, работници, медицински сестри, луѓе кои имаат професии кои налагаат долг период на седење и/или стоење, патници, бремени жени, спортисти. Главни придобивки од носење на овие чорапи се: олеснување на активностите, намален оток и зголемена циркулација. Главната употреба на оваа категорија на чорапи е при појава на оток на вените, како што се: тромбофлебит, варикозитети, венски проблеми од бременост, зголемена тежина и отоци, хронична венска инсуфициенција, профилакса што се јавува кај лица изложени на долго седење и стоење. Конструкцијата и составот на чорапите за компресија овозможуваат на точно определени точки на стапалото и под-коленицата да се направи компресија од неопходен степен, во услови на едновремено намалување на притисокот со цел да се намали отокот, да се зголеми венската дренажа и да се редуцира болката во интензивно оптоварените делови на ногата.
Цена: 590 ден
Боја |
Крем, Тегет |
---|