Политика на приватност
Податоците што се оставаат на www.medikapro.mk се третираат како доверливи.
Сите податоци за корисникот/потрошувачот грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Вработените на МедикаПро се обврзани да ја почитуваат доверливоста на личните податоци.
Собирање на податоци за услуга веб продажба
За успешно да се користи услугата на веб продажба и за обработка на нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и телефонски број. Со помош на споментатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Регистрација за е-маил маркетинг
МедикаПро на својата страна има дел за регистрација во е-маил маркетинг за што е потребно да се остави Ваша е-маил адреса. Секој посетител кој ќе остави е-маил адреса потребно е да даде согласност дека неговата е-маил адреса ќе се користи во маркетиншки цело за испраќање на попусти, промотивни и едукативни содржини.
Приватност на податоци
Во име на компанијата МедикаПро се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите корисници/потрошувачи на страната www.medikapro.mk. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите/корисниците и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга.
На корисниците/потрошувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мејлинг листата.
Како субјект на лични податоци, корисниците/потрошувачите имаат право во секое време да побараат информација за тоа кои нивни лични податоци ги поседуваме, да побараат нивна исправка доколку истите не се точни или да побара нивно бришење. Покрај тоа, корисниците/потрошувачите може да побараат да не се праќа електронска пошта со рекламна содржина на нивната адреса и нивните лични податоци ќе бидат избришани од нашата збирка на лични податоци.
За остварување на овие правила, може да не контактирате на следната мејл адреса: info@medikapro.mk, како и на контакт телефон: 02 3 11 14 04.
Medikapro.mk не е наменет за лица под 18 години. МедикаПро нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 18 години. Во случај на лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители или старатели, тие треба веднаш да го известат МедикаПро.