Совети

Пет интересни факти за компресивните чорапи

Разни студии и истражувања резултираат со интересни наоди во врска со придобивките од носењето на компресивни чорапи. Овој пат, издвојуваме пет интересни факти поврзани со компресивните чорапи:

Ги зголемуваат вашите атлетски способности

Студиите покажуваат дека спортистите кои носат компресивни чорапи можат да имаат подолга активност пред да почнат да чувствуваат замор. Се смета дека зголемената циркулација на крвта, со што се забрзува исфрлувањето на млечните киселини од мускулите се причина за тоа.

Брзо опоравување по вежбање

Спортистите кои носат компресивни чорапи имаат намален степен на болка во мускулите и побргу закрепнуваат во споредба со оние кои не носат компресивни чорапи.

Помагаат при проблеми со вените

Доколку чувствувате болки и имате видливи проблеми со вените, компресивните чорапи се еден од најчестите третмани.

Разбирање на нивото на цврстина

Компресивните чорапи имаат различни нивоа на цврстина (јачина). Доколку на пакувањето има ознака 10-15 mmHg, значи дека се работи за чорапи со најниско ниво на цврстина. Доколку на пакувањето стојат ознаки со над 20 mmHg, се работи за чорапи кои треба да ги носите исклучиво по претходна консултација со лекар.

Добри се за вашите стапала

Без разлика дали сте спортист или вашата секојдневна работа вклучува долго време во кое стоите на нозе, компресивните чорапи можат да помогнат во намалување на болката и непријатноста предизвикана од долго стоење. Студиите покажуваат дека компресивните чорапи можат да помогнат во олеснување на болката од планитарниот фасцитис.

Целиот асортиман на компресивни чорапи можете да го погледнете на следниот линк: Компресивни чорапи.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *