Третмани

Дали знаете за calcar calcanei т.е. „шилец во пета“?

Дали досега сте се сретнале со терминот „шилец во пета“. Оваа состојба, стручно наречена calcar calcanei претставува таложење на калциум на коската на петата кое настанува под дејство на повеќе различни фактори: долго стоење, прекумерна тежина,  често носење високи потпетици или рамни табани. Заедничко за сите овие фактори е зголеменото механичко оптоварување кое како последица има создавање калцификати. Насобраните наслаги предизвикуваат болка вршејќи притисок на околното ткиво, каде најзагрозена е плантарната тетива.

Симптоми

Острата болка во петата веднаш по станување или по мирување, пациентите ја опишуваат како чувство дека застанале на клинец или трн. Меѓутоа, шилецот може да постои и без болни симптоми. Ваквите случаи најчесто се откриваат во тек на рендгенско снимање на стапалата при дијагностицирање на друг здравствен проблем.

Превенција

При изборот на обувки, потребно е да се обрне особено внимание на изборот на ортопедски или анатомски влошки. Влошките за шилци во пета дополнително помагаат во рамномерно распоредување на притисокот кој телото го врши врз стапалата.

Доколку чувствувате слични симптоми или едноставно поминувате многу време стоејќи, топло ги препорачуваме ортопедските или анатомските влошки кои можете да ги комбинирате со вашите обувки. Комплетниот асортиман е достапен на следниот линк: Ортопедски и анатомски влошки.

Доколку имате дијагноза calcar calcanei или „шилец во пета“, ќе ви бидат потребни специјалните влошки за пета достапни на следниот линк: Влошки за шилци во пета.