Active Gel
Спортска влошка
Влошка изработена од активен гел кој апсорбира ударите и го спречува заморот на нозете.
Влошка целосно изработена од активен гел, која може да се сече по големина, наменета специјално за спортски обувки. Мекиот плиш заедно со активниот гел го апсорбираат ударот, го намалуваат заморот и ја намалува затегнатоста на стопалата. Анатомскиот дизајн ефикасно му дава поддршка на лонгитудуналниот брег на стопалото со што се добива целосен конфор при пешачење или трчање. Оваа влошка има прилагодлива форма, со што лесно може да се адаптира според потребната големина со сечење по обележаните линии на задната страна
Sportex
Спортска влошка
Лесна спортска влошка наменета за спортски обувки, особено за летната сезона. Перфорираната површина на влошката со текстил ПЕС (1) и пената со активен јаглен (2) го спречува непријатниот мирис поддржан со долготрајни ароматични и антимикотични ефекти обезбедени од латекс-пената (3) на долниот дел.
Soft Gel
Кожна влошка
Луксузни кожни влошки со гел перничиња за комфорен чекор. Луксузна анатомска влошка, које е комбинација од мека јагнешка кожа и латекс пена која содржи во себе активен јаглен. Влошката е поставена на пластичен калап кој обезбедува здрава поддршка на лонгитудиналниот мост. Во неа има вградени меки силиконски перничиња на посебни зони на притисок (напред и на петата) која заедно со карбонското антишок перниче, ги компензира ударите при чекорење и го намалува притисокот и болките во нозете.
Vital
Кожна влошка
Влошка наменета за секаков вид обувки, која дава чувство на сувост и удобност. Перфорирана кожна влошка која е дизајнирана за секаков тип на обувки. Горниот дел кој е изработен од мека јагнешка кожа е фиксиран на карбосан перничето, кој го поддржува вертикалниот и лонгитудиналниот лак на стапалото, што при тоа дава чувство на меко одење. Користењето на природни материјали како што е латекс пената која содржи активен јаглен обезбедуваат чувство на сувост и удобност.
Aero Jump
Спортска влошка
Влошка со анатомски облик која е особено погодна за спорт и рекреација. Покривниот дел на оваа влошка е направен од перфориран материјал (Protech Mesh), кој овозможува ногата да диши и заедно со ароматизираната латекс пена перфектно ја апсорбираат потта и ги елиминираат непријатните мириси. И двата материјали се фиксирани на флексибилен пластичен калап кој дава добра поддршка на лонгитудиналниот брег на стапалото. Мекото карбосан антишок перниче ја гарантира ефективната релаксација на мускулите и лигаментите и значително го апсорбира ударот кога ногата се враќа кон земјата. Оваа влошка дава поддршка на брегот на стопалото и при ослабен брег ги елиминира девијациите на ножниот зглоб, колено или колк, како и на рбетот и рамената.